Тулуз е победник во Купот на Франција оваа сезона. Во финалето имаше тотална доминација против Нант и го совлада со 5-1 на „Стад де Франс“.

Фудбалерите на Тулуз направија вистинска сензација во финалето на Купот на Франција Логан Коста беше стрелец на првите два гола за Тулуз, а потоа Тијс Далинга дополни со нови два, па Тулуз имаше предност од 4-0 на полувремето.

Лудовик Блас од пенал постигна почесен гол за Нант, а Закарија Абуклал ја затвори серијата голови за Тулуз.