Феникс беше рамноправен противник само во првата четвртина, по што Денвер ја имаше контролата во остатокот од натпреварот, а прашањето за победникот беше решено во втората четвртина, кога екипата на Јокиќ ја доби четвртината со 37-19.
Србинот Јокиќ го заврши мечот со 24 поени, како и 19 скокови, додека Мареј постигна 34 поени, пет скокови и девет асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Кевин Дурант со 29 поени и 14 скокови.