Јамал дебитираше со точно 15 години, девет месеци и 16 дена и на тој начин го сруши вековниот рекорд кој го држеше Арманд Мартинез Саги. Во далечната 1922 година, Саги стана најмлад дебитант во историјата на Барселона и неговиот рекорд беше активен се до синоќа, кога на теренот на „Камп Ноу“ се појави Јамал и за малку дури ќе постигнеше и гол.
Јамал сезонава одигра дури 28 мечеви за У19 тимот на Барселона, иако има само 15 години. Во овие 28 средби, тој има биланс од осум погодоци и исто толку асистенции. Јамал е најмладиот дебитант во историјата на Барселона, но во историјата на Примера дивисион е на петото место на оваа листа.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес вели дека тоа е фудбалер кој може да одбележи една ера во фудбалот.
„Ламине е многу добар. Му реков да се обиде да биде опасен во нападот и тоа му успеа. Замислете има само 15 години! Малку фалеше да постигне гол. Посебен е, полн е со самодоверба и може да стане важен играч. Доволно е да го гледате на тренинг и ќе го сфатите тоа. Сличен е како Меси и Фати кои истотака дебитираа многу млади. Тој е фудбалер кој може да одбележи една цела ера во Барселона“, вели Чави