Екипата на Атлетико Мадрид со десетмина фудбалери стигна до важна победа (1-0) во заостанатиот натпревар против Севилја. Тимот на Диего Симеоне од 70.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Чаглар Сојунџу, но успеа да ги освои трите бода.
https://twitter.com/i/status/1738596677110378607
Стрелец на победничкиот гол за Атлетико Мадрид беше Маркос Љоренте во 47.минута од дуелот. По ова, мадридскиот тим се наоѓа на третата позиција на табелата со 38 бода колку што има и Барселона, седум помалку од лидерот Реал Мадрид.