Весникот Спорт денеска објавува дека се оди според прогнозите за Барса и Вилијамс би требало да биде првото засилување за клубот во ерата на Ханси Флик. Со оглед на тоа што тој уште е на одмор и има уште две недели до враќањето во клубот, не е исклучено неговиот трансфер да биде објавен нешто подоцна.
Летово Барселона не донесе ниеден играч, освен што од позајмица се вратија петмина фудбалери од кои тешко дека некој ќе остане во новата сезона.