Повремениот македонски репрезентативец, Давид Бабунски, одличнозапочна во новата средина и го постигна првиот гол за Данди Јунајтед.
Бабунски се најде во почетниот состав на натпреварот против Еир во шкотскиот Лига Куп и успеа да донесе водство на маестрален начин, со гол од слободен удар и речиси од „мртов“ агол.
Додека сите очекуваа центаршут во шеснаесетникот, нашиот Бабунски шутираше силно на втората статива, а голманот на гостинската екипа беше немоќен да спречи водство на Данди Јунајтед. Македонецот пристигна во новиот клуб пред само неколку денови и веднаш покажува дека може да биде големо засилување.