Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски постигна гол за Домжале во премиерниот меч од новата сезона во првата лига на Словенија.
Домжале играше на гости против Марибор и претрпе убедлив пораз од 4-1 но двата последни гола домаќините ги дадоа во судиското продолжение во 92 и 94 минута.
Единствениот гол за гостите беше дело на Марио во 83 минута кога успешно го реализираше ударот од 11 метри.
Кога се во прашање домаќините, младиот Бехар Фета пак беше асистент при голот кој Јакуповиќ го даде во самата завршница.