Чуден и бизарен пенал е досуден синоќа на меч од бразилското првенство помеѓу екипите на Фламенго и Крисиума. Домашниот напаѓач влезе во шеснаесетникот, но на теренот имаше уште една топка, па гостинскиот дефанзивец ја шутна втората топка и така ја спречи акцијата на Фламенго.
Судијата можеби претходно требаше да ја прекине играта за да биде отстранета втората топка, но се одлучи да досуди пенал поради спречување на акцијата на домашната екипа.
https://twitter.com/i/status/1814781201674043477