„Ѓаволите“ се подготвени да платат фиксни 180 милиони евра плус 70 милиони евра во разни бонуси за да дојдат до потписот на Бразилецот, кој би имал годишна плата од огромни 40 милиони евра. Јунајтед летово ги ангажираа Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, а веќе преговара и со Мануел Угарте од ПСЖ, кој наскоро треба да биде промовиран како ново засилување на клубот.
Реал Мадрид во моментов не ни размислува да го пушти Винисиус да се пресели во Англија, но големата отштета може лесно да ги премисли. Ако „кралевите“ се согласат, тоа би бил најбогат трансфер во историјата, со оглед што досегашниот рекорд го држеше Нејмар, за кого ПСЖ ѝ плати 222 милиони евра на Барселона.