Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски вечерва одбрани пенал, па неговата Докса ја запиша втората сезонска победа после триумфот како гостин кај АЕЛ Лимасол со 2-1.
Шишковски сезонава има една чиста мрежа и само три примени голови во четири меча, а денеска беше еден од клучните за триумфот, откако му одбрани пенал при водство на неговиот тим со 1-0, на Папафотис во 59-та минута. АЕЛ четири минути потоа даде гол за израмнување повторно од пенал, но Бени во 77-та донесе голема победа.
За Докса во последните 20 минути играше и вториот македонски интернационалец и повремен репрезентативец Душко Трајчевски, додека кај АЕЛ цел меч одигра Давор Здравковски, екс-капитенот на младата репрезентација.