Селекторот на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот од 25 фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари со Швајцарија и Португалија од Лигата на нациите. Тој повика некои нови играчи за да ги испроба во националниот тим иако се работи за натпревари од ЛН, а за нецели два месеци почнува и СП. Енрике го повика 20-годишното крило на Атлетик Билбао Нико Вилијамс, 22 годишниот халф на Валенсија Хуго Гијамон како и напаѓачот на Бетис Борха Иглесиас. Гијамон има два настапи додека другите немаат ниту еден.
На списокот се и голманите на Брајтон Роберт Санчес и на Брентфорд Давид Раја.
Во групата не се Давид де геа, Серхио Рамос, Ансу Фати и Маркос Алонсо, Тијаго Алкантара, Иниго Мартинес и Раул де Томас.
Изненадување е тоа што во составот е вклучен Жорди Алба кој во моментов е трет избор за лев бек во Барселона по Маркос Алонсо и Алехандро Балде.
Шпанија е лидер во групата 2 на Лига А од ЛН со 8 поени од 4 меча.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике прави големи промени за дуелите против Швајцарија и Португалија
https://twitter.com/SefutbolKerala/status/1570713149208399872?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1570713149208399872%7Ctwgr%5E70684b34bee6771f0ae749ec1dfcf357e512c9a6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2022%2F09%2F16%2FD0B5D0BDD180D0B8D0BAD0B5-D181D0BE-D0B3D0BED0BBD0B5D0BCD0B8-D0BFD180D0BED0BCD0B5D0BDD0B8-D0B7D0B0-D0BCD0B5D187D0B5D0B2D0B8D182D0B5-D181%2F