Лондонски Арсенал го совлада Лидс Jунајтед со 1:0 на гостински терен во натпревар од 11. коло на Премиер лигата и со тоа се зацврсти на лидерската позиција на табелата без разлика на исходот од дербито меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Тимот на Микел Артета моментално има четири бода повеќе од „граѓаните“.

Натпреварот на „Иланд Роуд“ беше прекинат по само две минути поради проблем со ВАР опремата. По подолга пауза мечот продолжи, но тоа не му пречеше на „вжештениот“ Арсенал да оствари нова, деветта победа во првите 10 кола.

Одлучувачкиот момент на мечот беше во 35 минута кога капитенот Мартин Одегард одлично го проигра Букај Сака, кој го постигна победничкиот гол за Арсенал.

 

Лидс израмни на стартот од вториот дел, Патрик Бамфорд ја погоди мрежата, но судијата Кавано го поништи голот поради прекршок.

Standings provided by Sofascore