Во неверојатен финиш на дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Фулам, гостите ги освоија трите бода, победија со 2-1.

Манчестер јунајтед одигра лош натпревар, а Фулам со гол на Басеј во 65. минута дојде до водство од 1-0.

Во 89. минута стоперот Мегваер погоди за израмнување на 1-1, и во тој миг се чинеше дека Манчестер јунајтед се спаси од пораз, но така не мислеа гостите од Лондон.

Течеше 97. минута кога по една контра Ивоби го постигна победоносниот гол за Фулам од 2-1.

Астон Вила со 4-2 го победи Нотингем форест во најефикасниот денешен натпревар од Премиерлигата.

Брајтон со голот на Данк во 95. минута се спаси од пораз против Евертон, мечот заврши 1-1.

Кристал Палас со убедливи 3-0 го совлада Барнли.