Барселона одигра одличен натпревар и конечно стигна до убедлив триумф совладувајќи го Хетафе со 4-0. Тимот на Чави потсети на ланската сезона кога го освои шампионскиот трофеј.
Серијата голови ја отвори бразилецот Рафиња во 20. минута, а обично кога тој ќе даде гол, Барселона победува.
По осум минути игра во вториот дел Жоао Феликс постигна гол за предност на Барса од 2-0.
Во 61. минута Рафиња беше асистент, додаде до Френки Де Јонг кој постигна гол за 3-0. Со тоа беа решени сите дилеми околу победникот на овој дуел.
Во самиот финиш, во првата минута од судиското продолжение Фермин Лопез погоди за убедлив триумф од 4-0.