Капитенот на српската репрезентација, Душан Тадиќ, вели дека нашиот северен сосед доби тешка група за СП во Катар, но исто така и можност да се „одмазди“ на ривалите кои беа подобри на мундијалот во Русија.

Идентично како и пред четири години, Србија ќе игра со Бразил и со Швајцарција, а единствената разлика е што сега во групата е Камерун, наместо Костарика.

„Добивме речиси идентична група како пред четири години во Русија. Тогаш не успеавме да стигнеме до осминафиналето, но сега имаме нова шанса за поправен. Бразил е секогаш Бразил, а ќе имаме убава можност да им се одмаздиме на Швајцарците за поразот во Русија. Камерун е типична репрезентација од Африка со фудбалери кои се физички многу силни“, изјави Тадиќ.