Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени од Баерн Минхен на гости со 82:57 во 33.коло од Евролигата.
Со овој пораз се урнаа сите надежи на црвено-белите да можат да се пласираат во следната фаза од елитното натпреварување, со оглед на тоа што Баерн со овој триумф обезбеди пласман во Топ 8 поради подобриот меѓусебен скор со Црвена звезда.
Иако на почетокот одеше се според планот за црвено-белите, со организирана одбрана, со татнеж од трибините на „Ауди Домот“ како да се игра во Белград, Црвена звезда влезе во одлична серија од 9:0 во воведните минути од натпреварот. Серијата ја прекина Рубит, чии пет поени беа единствените кои стоеја покрај името на играч на Баерн.
Звезда успеа да ја задржи предноста, иако Баерн се приближи преку Хантер и Рубит, но Никола Калиниќ беше расположен за шутеви од далечина со две тројки во првата четвртина.
Проблемот за избраниците на Дејан Радоњиќ беше што рано направија поголем број тимски фаули од Баерн, но тоа сепак немаше сериозно влијание врз резултатот кој во тој момент беше на страната на гостите.
Сепак,тргна лошо за црвено-белите тргна неколку моменти пред Дејан Радоњиќ да направи техничка грешка поради приговор. Потоа во серија влезе Баерн, а во контра-ритам беше Црвена Звезда. И дефанзивно и офанзивно тимот застана, а „баварците“ со неколку тројки ја зголемија предноста. Рубит, Лучиќ, Томас и Хилиард беа расположени за шут надвор од линијата 6,75, а опасност владееше од сите страни.
Црвена звезда со стартот на вториот дел ја подобри одбраната, но беа летаргични во нападот. Така, по 23 минути игра и без поени на Црвена Звезда во третата четвртина, Баерн дојде до двоцифрена разлика. Друг факт, слободно можеме да кажеме, за неверување, беше дека Црвена звезда имаше шест поседи и само еден шут (преку Волтерс) во првата половина од третиот дел. Предноста на Баерн само растеше, Звездат беше немоќна , завршувајќи ја третата четвртина со дури „+20“ за домаќинот.
Домашните не застанаа тука, а нападите на Звезда беа неимагинативни и нејасни и без препознатлива енергија.
Бројот на загубени топки достигна 14, процентот од линијата за слободни фрлања беше помал од 70 отсто, а поентерскиот учинок од вториот дел е показател за се и гласеше само 20 поени.
Аугустин Рубит постигна 22 поени, 16 постигна Дешон Томас и 12 Огњен Јарамаз. Во Црвена звезда 12 поени постигна Калиниќ, а 11 Митровиќ.