Репрезентацијата на Германија е нов сензационален светски шампион во кошарка за мажи, ги добијат сите натпревари, меѓу кои и полуфиналето против САД и финалето со Србија.

Ова е прва титула во историјата на кошарката за Германците кои во финалето ја совладаа Србија по голема борба со 83-77 во големото финале на СП 2023 во Филипини, Јапонија и Индонезија .

Денис Шредер беше херојот на Германците со 28 поени од кои и клучните во финишот, Франц Вагнер постигна 19 поени а имаше и седум скокови. Србите играа без ѕвездите Јокиќ и Мициќ, им се повредија Симаниќ и Добриќ, па после финалето нашите соседи беа многу тажни што испуштија голема прилика за светска титула под името Србија.

Ова беше пресметка за паметење, која новиот првак ја доби со феноменалната игра во третиот период, особено во одбраната со оглед што го доби со 22-10. Со ова, Германците дојдоа до двоцифрена предност, со која го најавија крајниот епилог, што воопшто не им беше лесно бидејќи во последната четвртина се разигра Алекса Аврамовиќ. Кошаркарот на Партизан постигна 16 поени само во овие десет минути, но тоа не беше доволно да се направи целосен пресврт.

. Аврамовиќ беше лидер кај Србија со вкупно 21 поен.

Бронзениот медал на првенството заврши кај Канада, која ги совлада САД во малото финале.