Репрезентацијата на Шпанија неочекувано лесно и убедливо ја прегази Грузија (7-1) во натпревар од квалификациите за ЕП 2024, кој долго ќе се памети поради фантастичната игра на „црвената фурија“, но и поради историското остварување на младиот играч на Барселона, Ламине Јамал.
Новиот бисер на Барселона влезе во историјата како најмлад фудбалер кој постигнал гол за шпанската репрезентација, откако го стори тоа на своето деби со само 16 години и 57 дена. Алваро Мората Мората постигна хет-трик во Тбилиси, а останатите три погодоци беа дело на Олмо, Нико Вилијамс и на Квирквелија, кој си ја затресе сопствената мрежа.
Ова беше втора победа во третиот квалификациски меч за Шпанците, како одговор на поразот во претходната пресметка на гости кај Шкотска (0-2).