Макаби ги понижи пирејските црвено-бели како ретко кој на жешкиот терен во Атина, иако многу самоуверено влегоа Грците во мечот после ремито 1-1 пред една недела во Израел, ама дека сѐ ќе оди наопаку од плановите им најави после само пет минути Чери.
Олимпијаков во 25-та минута преку Бучалакис даде гол, но беше поништен поради играње со рака, а четири минути беа клучни на средина од вториот дел кога сѐ беше решено. Пиерот во 61-та и 65-та даде два гола за да го осигура пласманот на Макаби, а Абу Фани на три минути пред крајот само стави формален печат на епската победа на израелскиот шампион.
Денеска Фенербахче и Цирих исто така испаднаа од квалификациите во ЛШ.
Ференцварош со камата му се реваншира на Слован Братислава, па во словачката престолнина унгарскиот првак славеше убедливо со 4-1 за да го завери пласманот во третото коло.
Слован имаше 2-1 по првиот меч во Будимпешта, но за половина час Ференцварош даде два гола преку Боли во 20-та и Захариасон во 31-та. Де Марко во 70-та на асистенција на екс-вардарецот Тигран Барсегјан го врати мечот барем за продолженија, но финишот беше кобен за Словаците.
Траоре во 89-та даде трет гол, а Лаидуни во 95-та стави печат на големата победа за Ференцварош.