Лука Јовиќ, стрелецот и асистент во победата на Реал над Содиједад е главна тема во шпанските медиуми.
Во анализата на колумнистите на „Ас“ и „Марка“ се посочува дека е време Карло Анчелоти да му даде нова можност на српскиот репрезентативец кој покажа дека може да биде од голема корист за тимот.
Италијанскиот стручњак по натпреварот изјави дека Јовиќ заслужува да игра повеќе, а на тоа го предупредија шпанските новинари.
„Србинот, кој оваа сезона одигра само 106 минути, постигна гол и асистираше во победата на Реал. Неговото враќање во форма е проблем што го чека Анџелоти. Тој успеа да ги искористи младите таленти во кои Реал инвестираше многу во својата втора мисија на „Сантијаго Бернабеу“ „Успеа да ги оживее Милитао, Родриго и Винисиус, но се уште чека да ја врати онаа „убиствена“ верзија на 23-годишниот Лука Јовиќ“, пишува „Ас“.
Исто така, се наведува следново:
Вечерта кога Анчелоти го загуби Бензема, воскресна Јовиќ, кој асистираше, даде гол, беше одличен и позади и напред. ‘Непостоечката’ клупа беше пресудна на Аноета. И не само поради српскиот напаѓач. Помогна и Камавинга да ја обезбеди победата кога Анчелоти реши да го спасува Касемиро од жолт картон , кој ќе го спречеше да настани на дербито со Атлетико во недел.
„Марка“ потсети дека и Јовиќ многу настрада со Зинедин Зидан и дека имаше одлична сезона во Ајнтрахт пред да премине во редовите на кралскиот клуб.
По натпреварот против Реал Сосиедад на кој имаше гол и асистенција, Јовиќ е нов играч на радарот и играч кој е во плановите на тренерот“, наведува „Марка“.
Во истиот текст се наведува и дека Јовиќ е играч од кој Реал би можел да има корист во продолжението од сезоната.
Јовиќ е добар играч. Никој не го знаеше тоа по две години во Мадрид, бидејќи никој не му даде две шанси по ред. Тој направи се добро со топката – и асистираше на Винисиус и го даде вториот гол. Се чини дека е повеќе од профитабилен играч. Без повредата на Карим веројатно никогаш немаше да знаевме дека Лука Јовиќ може да игра фудбал. Србинот влезе во 17. минута и беше еден од најдобритена теренот, е заклучокот на еден популарен. спортски дневник.