Фудбалерите на Унион Магдалена остварија место во друштвото на најдобрите тимови во Колумбија.

На овој тим во последното коло му требаше победа на гостувањето кај Љанерос и кикс на Форталеза на мечот со екипата на Богота.

На крајот, коцките се „поклопија“ и фудбалерите на Магдалена на начин за кој ќе се зборува многу, си обезбедија место во друштвото на најдобрите.

Форталеза загуби од Богота со 2-1, но сепак имаше место во Примера бидејќи Унион Магдалена губеше со 1-0 од Ланерос до судиското продолжение.

А потоа спектакл за неколку секунди. Во петтата и шестата минута од судиското надопонување , Унион постигна два гола и дојде до голем пресврт, победа и пласман во друштвото на најдобрите.

Сепак, начинот на кој играчите на Унион Магдалена дојдоа до победа е тажен, беден и мизерен .

Фудбалерите на Ланерос се тргнаа од патот во последните секунди. Му дозволија на противникот непречен да постигне  гол и да победи и да се пласира во повисок ранг. Јасно е дека се работи за голема местенка

https://twitter.com/samstreetwrites/status/1467272579186626562?s=20