Во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.
Во топчињата се најдоа имиња на осум екипи, главно англиски и шпански – по три, а при ждрепката немаше ограничувања.
Ова се паровите:
Манчестер Сити – Атлетико Мадрид
Челзи – Реал Мадрид
Бенфика – Ливерпул
Виљареал – Баерн Минхен
Дербито секако е дуелот меѓу актуелниот европски првак, Челзи и најтрофејниот тим во натпреварувањето, Реал Мадрид, кој направи спектакуларен пресврт против Пари Сен Жермен во осминафиналето.
Во четвртфиналето ќе имаме можност да видиме уште една англиско-шпанска пресметка, во дуелот помеѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
Условно кажано, Ливерпул и Баерн добро поминааво ждрепката . Црвените ќе играат со Бенфика, а Баварците со шпански Виљареал, кој го изненади Јувентус. Во полуфиналето можен е дуелот помеѓу Ливерпул и Баерн.
Првите натпревари од четвртфиналето се на програмата на 5 и 6 април, а реваншите на 12 и 13 април.
Полуфиналните натпревари се закажани за 26 и 27 април, односно 3 и 4 мај.
Финалето ќе се игра во Париз на 28 мај.