Интер Мајами е сосема различен кога во составот е Лионел Меси и кога тој не е на теренот, што се виде во синоќешниот катастрофален пораз на овој тим на гостувањето кај Атланта Јунајтед (2-5) во натпревар од МЛС-лигата.
Аргентинецот ја пропушти средбата поради повреда, поради што не настапи ниту за „гаучосите“ во неодамнешните средби од квалификациите за СП 2026, поради што на виделина изгледоа сите слабости на овој просечен тим. Со овој пораз, составот од Флорида е на дури 27. позиција во американската професионална лига, додека Атланта е на седмата со 13 бодови помалку од лидерот Синсинати.
Колку за илустрација за важноста на Меси за Интер е податокот што пред само неколку недели овој тим со Аргентинецот во тимот буквално ја растури Атланта (4-0), а тој самиот постигна два од головите.