Македонскиот фудбалски репрезентативец, Марио Илиевски го постигна вториот гол во првата лига на Бугарија во дресот на ЦСКА 1948.
ЦСКА од Софија како домаќин доживеа пораз во градското дерби од Левски со 4-2. Нашиот Илиевски не беше стартер, но доби шанса во второто полувреме и успеа да даде придонес иако и тој не беше доволен за поволен резултат на својот тим.
Напаѓачот постигна убав гол со глава во самата завршница кога стави точка на ефикасниот натпревар на „Бистрица“.
Ова за 22-годишниот Марио беше прва реализација од 28 јули кога ја затресе мрежата на Спартак Варна.