Интер са мачеше еден час да го скрши отпорот на Салернитана, а потоа Симоне Инзаги во игра го уфрли Лаутаро Мартинез. Аргентинецот за половина час постигна четири гола и обезбеди убедлив триумф за „нероаѕурите“ од 0-4. Интер се врати на победнички патеки во лигата, а сите четири гола беа дело на аргентинскиот голгетер Лаутаро Мартинез.
Мартинез влезе во игра во второто полувреме и за 27 минути постигна четири погодоци, а со тоа испиша и историја во Серија А.
Аргентинецот стана прв резервист кој постигнал четири гола во Серија А откако беа воведени три бода за победа.
https://pbs.twimg.com/media/F7TRGTIWQAEmeM5?format=jpg&name=medium