Натпреварот беше решен дури по играње продолженија од двапати по 15 минути, бидејќи во основните 90 резултатот беше 2-1 за Динамо. Со тоа се изедначи билансот од првото коло, кога Норвежаните славеа со 1-0 на домашен терен. Иако „модрите“ го завршија основниот дел од мечот истрошени и во одбранбен режим, како што течеа продолженијата паѓаше темпото на Бодо и Динамо земаше нов замав.
Најслаткото дојде на крај, во 117. минута, кога Јосип Дрмиќ погоди за 3-1, што значеше, практично, крај за надежите на Бодо. Откако Норвежаните се откажаа на уште незавршен меч, и Јосип Дрмиќ се запиша меѓу стрелците за да го зголеми впечатокот и да ги направи поубедливи конечните 4-1.