И додека едни сметаат дека Аргентинецот заслужено го освоил рекордното признание, други стојат на ставот дека Роберт Левандовски е тој што ја заслужил Златната топка.
Јасно е дека сите во Баерн припаѓаат на втората група, како што јасно кажа Томас Милер.
Легендарниот напаѓач на овој клуб прецизно најави дека клубот ќе направи се за да докаже колку германскиот фудбал е пред сите во Европа.
Работата да биде уште полоша, Германецот се „закани“ дека баварската машинерија ќе почне да го докажува тоа во мечот од Лигата на шампионите против Барселона.
Меси со партиите на „Камп Ноу“ го понесе епитетот најдобар, а сега Баерн ќе направи се за да им нанесе нов катастрофален резултат на старите ривали.
„Се што се случи на доделувањето на Златната топка е разочарувачко. Со нешто слично се соочи и Рибери. Сепак ова ни даде неверојатен мотив уште еднаш да покажеме колку германскиот фудбал е пред сите. Одиме да освоиме уште една Лига на шампиони, а докажувањето врз основа на големата мотивација го започнуваме од Барселона“, изјави Милер.
За потсетување, Барселона забележа три порази на последните три натпревари против Баерн. Примија 14 и постигнаа само четири гола .