Шпанскиот играч за врска Иско веќе две години е во фаза кога воопшто не се однесува како професионален фудбалер во дресот на Реал Мадрид.
До пред неколку сезони талентираниот визионер на средината на теренот важеше за еден од најдобрите на својата позиција.
Како што одминуваше времето, Иско сè повеќе влегуваше во втор план на речиси сите тренери на Реал Мадрид, за на крајот да го допре дното.
Иако во овој момент веројатно најмалку му се игра фудбал, единствен заинтересиран за него е Фенернбахче, великанот кој се обидува да го разбуди и Месут Озил.
Реал е подготвен да го раскине договорот, се со цел да се ослободи од платата на Шпанецот кој навлегува во 30-те години.
Иско освои се што може да се освои во Реал Мадрид во мандат кој трае од 2013 година кога пристигна од Малага.