Баерн Минхен се проби на врвот на табелата во Бундес лига со три бода предност пред Борусија Дортмунд, откако попладнево во баварското дерби, го совлада Аугсбург со 5-3.
Борусија од 18.30 часот гостува кај соседот и стар ривал Шалке 04, па ќе има прилика да се изедначи со Баварците.
Аугсбург поведе со 1-0, но потоа Баерн со четири гола до крајот на првото полувреме, од кои едниот сефте на Жоао Кансело, ги реши дилемите околу победникот.
https://twitter.com/AAudhli/status/1634587561883467776?s=20