Имено, помладиот брат на многу попознатиот Марио , два месеци по страшната повреда повторно заврши во болница, откако во 85. минута се судри со напаѓачот на Дуизбург и веднаш ја загуби свеста.
Голманот на Дуизбург, Лео Вајнкауф, виде што се случи и херојски реагираше со тоа што веднаш му го извади јазикот на несреќниот фудбалер за да не се задуши и го помести на страна.
Вознемирвачкиот момент е на 4:50 приложеното видео :
Лекарски тим истрча на теренот, а откако му го имобилизираа вратот на носилки, го изнесоа од теренот и потоа итно беше пренесен во болница на детални прегледи.
Јавноста во Германија е загрижена бидејќи 23-годишниот играч од средниот ред доживеа слична повреда пред само два месеци по судир со соиграч на натпревар. Потоа се здобил со фрактура на черепот.
По судирот тој беше сместен на интензивна нега, но за среќа успеа да се опорави и по месец и пол пауза повторно заигра фудбал.
Инаку, Кајзерслаутерн по 13 одиграни кола е на седмото место во 3-та лига.