АБА шампионот Партизан убедливо е поразен на гости кај Монако и повторно ја искомплицира ситуацијата за пласман во разигрувањето за титулата во Евролигата.
„Црно-белите“ загубија со 70-85 иако до почетокот на последната четвртина беа во игра за триумф. По 30 минути, резултатот беше 65-61 за Монако, но домаќините одлично го започнаа последниот квартал, постигнаа девет поени по ред и се оддалечија на недостижни +11 (74-63). Обрадовиќ ја почна четвртината со „втора“српска постава, Аврамовиќ и Јарамаз направија неколку грешки и не искористија напади, а Монако тоа знаеше жестоко да го казни.
Капитенот Кевин Пантер не можеше сам, постигна 28 поени, делумно му помогна Камински со 17, но другите останаа далеку назад немаше соодветна помош. Со евентуален триумф, Партизан ќе се израмнеше со својот противник и ќе избиеше на шестото место, а вака е десетти, со биланс 12/12, колку што има и 11-пласираната Басконија. Во последните десет кола, пред белградскиот тим е тешка борба за место во топ-10 во која ќе учествуваат уште многу екипи.
За Монако ова беше трет триумф во низа и четврти на последните пет натпревари во Евролигата, но и натаму е далеку од обезбедување пласман во плејофот.