Екипата на Милан загуби на гостувањето кај француски Рен со 2-3 во реваншот од Лига Европа, но обезбеди пласман во осминафинале поради победата од првиот дуел (3-0).
Рен го започна натпреварот со гол за предност на домашните, а стрелец беше Бенжамин Бурижо во 11. минута. Израмнувањето стигна брзо, по центаршутот на Хернандез со глава погоди Лука Јовиќ (1-1). До полувремето Рен не успеа да направи вистински шанси.
На стартот на вториот дел домаќините добија пенал по грешката на Кјаер, одново стрелец беше Бурижо за 2-1 во 54. минута. Не помина долго време, а Рафаел Леао претрча половина терен со топка и стрелаше за ново израмнување само четири минути подоцна. Уште една нова надеж имаше за Рен. Јовиќ играше со рака, па својот хет-трик од вториот пенал го комплетира Бенжамин Бурижо за 3-2 во 68. минута. Сепак Рен оствари само пирова победа, па Милан патува во следна рунда на Лига Европа.
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри обезбеди и Бенфика, со ремито без голови на гостувањето кај Тулуз (0-0), а во Португалија славеше со 1-2.