Барселона славеше на домашен терен против Севилја со 1-0 и се искачи на втората позиција, а на дуелот се случи една необична сцена кога поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант, Иван Ракитиќ реши да им го подари дресот на навивачите.
Фановите на Барселона му го побараа дресот, кој им беше предаден од Ракитиќ, но тука не запреа, па ги бараа и неговите шорцеви, па набрзо Хрватот остана само по гаќи.
Ретко кој поранешен фудбалер на Барселона добива ваков пречек на „Камп Ноу“, но Хрватот засекогаш ќе има посебно место во срцето на навивачите на каталонскиот тим.