Фудбалерот на Хал, Џејден Филоген изведе вистинска мајсторија во триумфот на неговата екипа на гостувањето кај Ротерам.

Офанзивецот се најде во центар на вниманието, бидејќи прво со одличен дриблинг го исфрли противникот од колосек, а потоа изведе мајсторска „рабона“. Иако веројатно сакаше да нафрли, Филоген погоди во мрежата, а голманот Хампхрис ја допре топката пред да влезе во голот.

 

Раководството на Чемпионшип лигата голот го запиша како автогол, веројатно поради причината дека Филоген сакаше да нафрли. Поради тоа, еден од најубавите голови во сезоната веројатно нема да може да биде во конкуренција за наградата „Пушкаш“.