Манчестер Сити за краток период дојде до втора победа против Челси, овојпат го победи во ФА Купот со убедливи 4-0.

Челси доживеа нов пораз, се зголемува притисокот врз Грем Потер, сините се во очајна форма која се чини дека се продлабочува.
Шампионот на Англија тргна фуриозно и за 15 минути ја наполни мрежата на Кепа, давајќи му три голови.Резултатот го отвори Ријад Марез во 23. минута со прекрасен гол од слободен удар.
Седум минути потоа Алварез даде гол од пенал. Најстрогата казна беше досудена поради игра со рака на Хаверц.
На седум минути пред крајот на првото полувреме веќе беше 3-0 за Манчестер Сити, а стрелец на голот беше Фил Фоден.
Серијата ја затвори Ријад Марез кој погоди од пенал во 85. минута од натпреварот. Кулибали направи прекршок за најстрога казна.
https://youtu.be/V0hWovJoJNQ

 

https://youtu.be/cm7_2wyl6bM

 

https://youtu.be/YSAfQq73dVQ

Двајцата тренери се решија за комбинирани состави, а во дефанзивата на „сините“ Кулибали и Чалобах заиграа со младите Хумпрејс и Хал.