Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изнуди и реализираше пенал за негов четврти погодок сезонава во Серија А, најдобар гол-ефект откако „дијамантот“ дојде на Апенините. Тој ја запечати победата на Наполи на гостувањето во Џенова кај Сампдорија со 2-0 . Наполитанците се вратија брзо на победничкиот колосек по поразот во дербито со Интер пред четири дена.
Елмас доби шанса од Лучано Спалети од првата минута, а изнуди пенал и го реализираше истиот на осум минути пред крајот, откако во првиот дел Виктор Осимен донесе водство во 19-та минута, после утката од пенал на Матео Политано уште по шест минути во мечот.
Томас Ринкон во 39-та минута доби црвен картон за на Наполи уште повеќе да му ја олесни работата, па Сампдорија немаше сила со фудбалер помалку да го направи повозбудлив мечот и македонскиот репрезентативец само стави печат на победата.
За Наполи ова е 14-та победа во 17-от меч во Калчото и останува прв со 44 бода, седум пред Јувентус пред меѓусебното дерби кое следува, но Милан има шанса да се приближи на минус пет ако победи во вечерашната дерби пресметка со Рома.