Во центар на вниманието беше големото засилување за Баерн, Хари Кејн, кој првпат беше во стартниот состав и беше еден од најзаслужните за триумфот. Англичанецот по само четири минути му асистираше на Лирој Сане за првиот погодок на четата предводена од Томас Тухел, а самиот беше стрелец на вториот погодок за Баерн Минхен, а негов прв во дресот на овој клуб и тоа во 75. минута од дуелот. Шампионот постигна уште два погодока во судиското продолжение и тоа преку Сане и Тел.