Уште после само еден месец неколку шкотски новинари објавија дека тешко Абердин да го задржи Миовски подолго од една година откако македонскиот репрезентативец даде пет гола во Премиершип, а еден во Лига Купот и брзо го привлече вниманието на низа клубови. Новинарите веќе предвидуваат трансфер во Селтик или Глазгов Ренџерс, или пак во англиската Премиерлига, а сега Гудвин призна дека веќе се појавил првиот интерес за штипјанецот.
„Миовски веќе е под лупа на многу луѓе. Тој ќе биде прв напаѓач на Македонија и тешко ќе биде да го задржиме“, рече Гудвин.
Македонскиот репрезентативец дојде од МТК за 624.000 евра летово.