Пољачката дојде до својата втора голема титула сезонава по онаа на Ролан Гарос, а вкупно трета во кариерата, откако славеше на црвеницата во Париз и во 2020 година. За Жабер ова беше втор прази во грен слем финале годинава, бидејќи претходно загуби и во мечот за титулата на Вимблдон.
Швјонтек со 21 година е најмладата тенисерка што стигнала до трета грен слем титула по Марија Шарапова (20) уште од 2008 година и стана само деветата тенисерка во опен ерата што стигнала до трета голема титула пред да наполни 22 години.
Таа ќе остане на местото број 1 на најновата ВТА-листа што ќе излезе утре, но ќе беше најдобра светска тенисерка и со пораз во финалето во Њујорк. Нејзината противничка Жабер ќе скокне до второто место на табелата, што ќе биде нејзин најдобар ранкинг во кариерата.