Македонската надобра тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-4 против Илинка Далина Амарие и се избориза финале на турнирот во Осиек.
Ѓорческа ја најави својата победа уште во првиот сет, кој ѝ припадна со 7-5, додека Амарие во вториот даде голем отпор, но тоа не ја запре македонската тенисерка (6-4).
Македонската тенисерка во финале ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Анка Алексија Тодони и Тена Лукас.