Полската тенисерка Ига Свјонтек во понеделник на 4 април и официјално ќе се најде на врвот на АТП листата, откако во второто коло на Мајами ја совлада Викторија Голубиќ, што беше доволно за да ја наследи на Ешли Барти, која оваа недела се пензионираше.
Свјонтек на тој начин ќе стане првата тенисерка од Полска која го достигнала врвот на АТП листата, но и првата тенисерка родена во овој век на која тоа и успеало.
Од почетокот на оваа недела таа со Агњешка Радванска го подели најдобриот пласман на една Полјакиња, откако стана втора на листата по триумфот во Индијан Велс.
Новата прва тенисерка во светот на врвот се проби со триумфот на Ролан Гарос 2020 година, кога турнирот се играше подоцна од вообичаено поради коронавирусот и иако не го повтори тој успех, имаше многу добра мината сезона. Во тоа време, таа беше единствената тенисерка која стигна до втората недела на сите четири Грен слем турнири, а стигна и до титулите во Аделаида и Рим.
Таа е уште подобра од почетокот на оваа сезона, а тоа го потврдуваат и титулите на турнирите од серијата 1000 во Доха и Индијан Велс, а претходно беше запрена и во полуфиналето на Австралија опен.
Во третото коло на турнирот во Мајами, Свјонтек ќе игра со Американката Медисон Бренгл, која ја совлада Људмила Самсонова со 6:4, 6:0.