Големо изненадување на стартот на Ролан Гарос го направи бразилскиот тенисер Тиаго Сејбот-Вилд кој славеше со 3-2 (6-7, 7-6, 2-6, 6-3 и 6-4) во сетови против Данил Медведев.
Натпреварот траеше четири часа и 15 минути, а публиката уживаше во феноменален тенис, но и неколку испади на рускиот тенисер.
Уште во првиот сет Бразилецот покажа дека ќе биде тежок противник на Медведев, кој го доби сетот со 7-6, но потоа со идентичен резултат врати 172. тенисер во светот.
Медведев во третиот сет славеше со убедливи 6-2 и сите очекуваа да го реши мечот, но бразилскиот тенисер влезе во одличен ритам и со 6-3 и 6-4 го елиминира поранешниот најдобар играч во светот.