На 91-годишна возраст почина познатиот тениски тренер Ник Болитиери.

Според американските медиуми, Болитиери починал по долга борба со тешката болест.

Во текот на својата кариера, италијанско-американскиот стручњак тренираше бројни тениски легенди како Андре Агаси, Марио Шарапова, Моника Селеш.

Ти благодарам за се легендо, ќе ми недостигаш“, напиша Крајиновиќ на социјалните мрежи.

https://twitter.com/marioboc17/status/1599656066089775104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1599656066089775104%7Ctwgr%5E1b709013f25679388ee34515c455c511b4e614de%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D12dd%3D05nav_id%3D2254019

Болитиери имаше проблеми со инфекција на бубрезите, а неговата ќерка неодамна откри дека ситуацијата е тешка, пишувајќи дека се подготвуваат за негово заминување.

Болитиери е првенствено познат по неговата тениска академија на Флорида, низ која поминале многу големи тениски асови.

Самиот Болитиери не беше особено добар тенисер, а играше само во средно училиште.

Тренерската кариера ја започна во Порторико, а по десет години ја отвори својата академија на Флорида во 1978 година.

Привлече внимание со својот иновативен концепт бидејќи тенисерите можеа да живеат таму и да ја подобрат својата игра.

Работите не одеа толку добро, па тој ја продаде академијата на ИМГ, но остана како тренер.

Со млади тенисери работеше и на 88 години, долго време игнорирајќи ги здравствените проблеми, па на тенискиот терен беше до самиот крај.