Шпанецот Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Вимблдон, откако со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-4, 1-6 и 7-5 го совлада Иго Умбер.
Алкараз играше добро, првиот брејк го направи за предност од 4-2, но потоа Умбер за момент се врати и намали на 3-5, по што сервираше за да остане во сетот, но Шпанецот направи нов брејк за 6-3.
Во вториот сет се водеше голема борба, а Французинот одлично му парираше на Алкараз, но шпанскиот тенисер го скрши неговиот отпор и поведе со 2-0 во сетови.
Умбер во третиот сет беше неверојатен и му дозволи на Алкараз да освои само еден гем (1-6), меѓутоа поранешниот рекет број еден во четвртиот го возврати ударот и славеше со 7-5.
Алкараз во четвртфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Пол и Баутиста.