Додека Шпанецот се бори за историскиот, 21. Грен слем, кој како што вели не му е премногу важен, на социјалните мрежи масовно се појавуваат критики за косата на петтиот тенисер во светот.
Вистина е дека Надал имал добри и лоши изданија во текот на кариерата кога станува збор за фризурите, а сето тоа се должи на фактот дека косата му опаѓа.
Тој се појави на АТП сцената како тинејџер со бујна долга коса, но веќе во 2013 година фановите почнаа да коментираат за проблемот со кој се соочува Рафа.
Според популарниот сајт „Essentiallay sports“, Рафа отишол на трансплантација на коса во 2016 година во Шпанија, која дала резултати.
За време на овогодинешниот Австралија опен, фановите масовно го коментираат изгледот на фризурата на Шпанецот.
„Брате, може ли да го испратиме Надал во Турција на трансплантација на коса по Австралија Опен?“, „Дали Надал со секој удар губи по неколку влакна за време на овој натпревар? Се колнам дека е ќелав од почетокот на натпреварот“, „Косата на Надал речиси исчезна“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.