Централниот дел на Светското првенство во атлетика во сала во Боеград секако беше трката на 60 метри каде златниот медал го освои победникот од Токио на 100 метри, Ламонт Џејкобс .

Италијанскиот спринтер Ламонт Марсел Џејкобс, сензационалниот олимписки победник на 100 метри, стана светски шампион на 60 метри во сала во Белград.

Италијанецот роден во Тексас победи со 6,41 секунди пред двајца Американци – бранителот на титулата Кристијан Колман (6,41) и Марвин Брејси (6,44) во најисчекуваната трка на првенството. Колман се врати на трките по 18-месечна суспензија поради избегнување на допинг контролата, а откако загуби во фотофиниш во Белград за три илјадити делови од секундата, одби да се фотографира со Џејкобс.

https://www.youtube.com/watch?v=rncq-TJhukA

Атлетичарката од Бахамите Шауна Милер Уибо освои златен медал на трката на 400 метри. Двократната олимписка шампионка до златото стигна со 50,31 секунда, што е најдобар резултат сезонава во светот.

Среброто го освои Холанѓанката Фемке Бол со време од 50,57 секунди, а натпреварувачката од Јамајка Стефани Мекферсон стигна до бронзениот медал со 50,79, што воедно е нов рекорд на Јамајка.

Американката Сенди Морис го освои златото во скок со стап на Светското првенство во сала во Белград. Американката до златото стигна со скок од 4,80 метри, а со височина од 4,75 метри, Американката Кејти Нугеот се закити со сребрен медал. Словенечката атлетичарка Тина Шутеј стигна до бронзениот медал, скокајќи високо како Нугеот, но од неколку обиди.

Шпанецот Маријано Гарсија е новиот светски шампион на 800 метри, а златото го достигна со време 1:46.20 минути. 17-годишниот Кениец Ноа Кибет ја истрча својата прва голема трка за 1:46,35 минути, што беше доволно за да освои сребрен медал, а третото место му припадна на Американецот Брајс Хопел (1:46,51).

Атлетичарот од Тринидад и Тобаго Џереми Ричардс го освои златото на трката на 400 метри. Ричардс до златниот медал стигна со нов рекорд на светските првенства кој сега е точно 45 секунди, втор беше Американецот Тревор Басет со личен рекорд од 45,05, а бронзениот медал го освои Швеѓанецот Карл Бенгстром со 45,33, соборувајќи го националниот рекорд.

Нов светски рекорд на шампионатот беше соборен и во женската трка на 1500 метри, која ја освои Етиопјанката Гудаф Цегај (3: 57,19) пред сонародниците Аксумавит Ембаје (4: 02,29) и Хирут Мешеша (4: 03,39).

Украинската 20-годишна скокачка во височина Јарослав Махучих е новата светска шампионка во сала, а титулата ја освои со скок од 202 см на Светското првенство во Белград.Таа е актуелна европска шампионка од Торун 2021 година, светска вицешампионка во Доха во 2019 година и олимписки бронзен медалист од Токио.

Најголемиот успех во кариерата го постигна по драматичната борба со Австралијката Елеонор Патерсон, која скокна два метри и постави нов рекорд во затворен простор на Океанија. Махучих само во третиот обид скокна во висина од два метри, а потоа од првиот ја прелета летвичката од 202 см, висина која Патерсон не успеа да ја надмине.

Бронзата во белградската арена ја освои Надежда Дубовичкаја од Казахстан, која постави нов азиски рекорд во сала со 198 см.