Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи сонародникот Карлос Алкарас (6:4, 4:6, 6:3) и се пласираше во финалето на Индијан Велс.
„Бикот од Мајорка“ до триумфот стигна по повеќе од три часа голема борба и на тој начин се здоби со шанса да се бори за 37. титула на Мастерс турнирите.
Не му беше лесно во дуелот со 19-годишниот наследник, кој годинава имаше само еден пораз на турнејата.
Надал пак нема ниту еден и моментално има скор од 20-0, седми пат во кариерата врза толку победи, но првпат тоа се случи на стартот на сезоната.
Надал со оваа победа се зацврсти на третата позиција на која ќе го замени Александар Зверев, а во финалето во недела во 23 часот во финалето ќе се соочи со Тејлор Фриц кој го совлада Андреј Рубљев.
Рафа не го започна добро натпреварот против Карлос, веднаш доживеа брејк, но набрзо направи два и така направи пресврт.
На брејковите им немаше крај, бидејќи Надал повторно го испушти сервисот во седмиот гем, но сепак го реши сетот во десетиот гем со нов брејк, користејќи ја петтата сет топка.
Слично беше и вториот сет, од петтиот до деветтиот гем во секој имаше брејк, а во десеттиот Алкарас на свој сервис ја материјализира третата сет топка и го израмни резултатот.
За разлика од првите два сета, одлучувачкиот сет беше многу помирен, барем кога беа во прашање брејк топките.
Надал во петтиот гем спаси дури три брејк топки, но тоа го надмина, нешто слично како на дуелот со Ник Кирјос.
36-годишниот Шпанец во овој дел од мечот зеде и еден медицински тајм-аут, за потоа да направи клучен брејк во осмиот гем и набрзо да го приведе мечот до крај.
Ова ќе му биде петто финале во Калифорнија, ќе се бори за својата четврта титула, прва од 2013 година.