Тениската репрезентација на Италија го освои Дејвис купот, откако во финалето беше подобра со 2-0 од Австралија, а триумфите ги остварија Матео Арналди и Јаник Синер.
Арналди најпрво славеше во натпреварот против Алексеј Попирин со 2-1 во сетови, откако првиот го доби со 7-5, по што ривалот од Австралија следниот го освои со 6-2. Во третиот сет се водеше голема битка, но Италијанецот беше подобра со 6-4.
Синер беше доминантен на теренот против Алекс Де Минор, откако првиот сет го доби со 6-3, а во вториот не му дозволи на противникот да освои ниту гем (6-0).
По победата против првиот фаворит Србија во полуфиналето, Италијанците во големото финале на завршниот турнир во Малага беа подобри од Австралија и славеа по два сингл меча.
Ова е втора титула за Италија во Дејвис Купот.