Со пласманот во финале на турнирот во Куршумлиска Бања, во кое загуби од седмиот носител Клемен Табур (4-6, 6-4, 2-6), на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски му донесе драстичен скок на АТП-листата, а со тоа и најдобар пласман во кариерата.
Новите бодови освоени во Србија на Калин му го донесоа 413. место во светот, што е за 46 места подобро од претходната недела. Оваа ранг-листа официјално ќе важи од следниот понеделник, но уште од сега е актуелна на сајтот на АТП.
Промена доаѓа и на самиот врв, каде што Карлос Алкараз од следната недела ќе биде предводник на светскиот тенис, без разлика како ќе го заврши настапот на мастерсот во Рим, кој е во тек. За такво нешто му требаше само да ја мине првата пречка, што лесно му успеа, па обезбеди да го прескокне Новак Ѓоковиќ, кој досега беше број еден во светскиот тенис.