АТП ја објави новата ранг-листа на тенисерите, а Новак Ѓоковиќ повторно се врати на првата позиција, што за него претставува 381-ва недела како лидер, со што само го подобри сопствениот рекорд. Србинот на врвот се врати иако не настапи на мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами. Шпанецот Алкарас падна на втората позиција откако загуби во финалето во Мајами и сега е второпласиран со 6.780 поени зад Ѓоковиќ, кој има 7.160.
На третата позиција е гркот Циципас, додека на четвртото место се искачи освојувачот на мастерсот во Мајами, Русинот Медведев. Првата петорка ја комплетира Каспер Руд.
Во наредниот период започнува сезоната на играње на земјена подлога, а прв таков турнир ќе биде Мастерсот во Монте Карло. Ѓоковиќ и Алкарас ќе се судрат во директен дуел за првата позиција на овој турнир, а тој што ќе го освои, ќе биде и лидер на АТП-листата. Доколку ниту едниот, ниту другиот не триумфираат, тогаш српскиот тенисер ќе биде во предност.